Јилдирим: Референдумот во Ирачки Курдистан е неважечки

Од:

Турскиот премиер Бинали Јилдирим го отфрли планираниот за утре референдум за независност на Ирачки Курдистан, нарекувајќи го „неважечки”, и предупреди дека гласањето може да предизвика „хаос и нестабилност“ во регионот, јави ДПА.

– Референдумот, кој ќе биде спроведен утре во северен Ирак, е незаконски, невалиден и нелегитимен, изјави Јилдирим.

Турскиот премиер го обвини автономниот регион во Ирак дека го користи вакуумот на власт во регионот, во период кога се одвива борбата против „Исламска држава” и забранетата Курдска работничка партија (ПКК).

Турција стравува дека независноста на ирачките Курди ќе ја промовира идејата за отцепување меѓу турското курдско малцинство, со што ќе продолжи крвавиот конфликт, кој трае со децении. Анкара, исто така, е загрижена за судбината на туркменското малцинство, кое е под контрола на курдската регионална влада.

Турскиот Совет за национална безбедност во петокот објави дека Анкара е подготвена да ги искористи „сите опции” ако референдумот не биде откажан. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција би можела да воведе санкции за Ирачки Курдистан.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ