Језуитскиот свешетеник Марко сексуално прогонувал монахињи

Од:

Језуитот од Словенија Марко Иван Рупник, свештеник близок на папата Франциск, наводно се обидел да убеди две калуѓерки на секс, пишува британски The Times.

На почетокот на месецот во италијанските медиуми се појавија тврдења за словенечкиот свештеник дека во 90-тите малтретирал калуѓерки во Словенија.

Верскиот ред на Рупник ја призна истрагата на Ватикан, но исто така рече дека статутот на застареност е истечен.

Една од калуѓерките за италијанскиот весник Домани изјавила дека Рупник и ја зел невиноста и ја принудил да молчи за тоа.

Анонимна калуѓерка пак во интервју за Домани изјавила дека Рупник полека почнал да навлегува во нејзиниот психолошки и духовен свет и дека ја искористува нејзината кревкост и невиност.

Калуѓерката тврди дека Рупник малтретирала речиси 20 калуѓерки и дека и покрај тоа, нејзините поплаки биле игнорирани. По објавеното интервју со калуѓерката, језуитскиот ред ги покани сите други жртви да се јават и ветија дека ќе бидат слушнати со емпатија и разбирање.

Би можело да ве интересира

Австралија: Свештеник осуден на 40 години затвор за злоупотреба на 72 деца

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

Разрешен свештеник кој е против абортусот и е поддржувач на Трамп

ВИДЕО: „Кажи, кажи либе Стано“ – отец Предраг од Тетово пее како Павароти

Жарко Настоски

Британски свештеник обвинет за педофилија пет години се криел во Косово

А1он

Полски свештеник принудувал деца да лижат сладолед од неговите колена

А1он