Јермак: Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека се согласува со предлогот усвоен на состанокот на делегациите на САД и Украина за 30-дневен прекин на огнот со Украина.

Сепак, изјавата на Путин имаше многу „но“. На неговото обраќање следеше првата реакција од Украина.

– Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт, рече Андриј Јермак, началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој додаде дека „нивните американски партнери се исто така против такво сценарио“.

– Ние сме против Минск 3 и Европа ќе биде вклучена во мировниот процес, рече Јермак.

Би можело да ве интересира

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Дронови ја погодија Одеса: Повредени лица и оштетени десетици објекти

Стуб: ЕУ ќе мора да ги признае територијалните отстапки на Украина кон Русија