Јавно сослушување на претседателот на ПССЕ Педро Аграмунт поради посетата на Сирија

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на јавна дебата го сослуша својот претседател Педро Аграмунт, откако за првпат во историјата на ПССЕ еден негов претседател е повикан да поднесе оставка поради патувањето во Сирија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Делегацијата на Украина во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), бара да се започне со процесот на импичмент против него. Тие му забележуваат на Аграмунт дека патувал со членови на делегација на Долниот дом на рускиот парламент, во посета на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Пред формално отворање на сесијата, Аграмунт призна дека неговата посета на Сирија, како шпански сенатор, била грешка и за тоа им се извини на членовите на ПССЕ. Но, тие не го прифаќаат извинувањето.

Ова барање за оставка на претседателот на ПССЕ, доаѓа во мометот кога повеќе невладини организации обвинија членови на собранието дека биле корумпирани од азербејџанските власти.

Имено ПССЕ, ќе треба да им довери на три независни експерти за да ги испитуваат наводите за корупција против некои од неговите членови, под сомневање за примање раскошни подароци од азербејџански власти, ова е одлуката на бирото на ПССЕ.

ПССЕ е консултативно тело на Советот на Европа во кое членуваат 324 парламентарци од 47 земји членки на паневропската организација, кои гисе состануваат четири пати годишно во Стразбур на пленарна сесија и повеќе пати годишни на ниво на комисии, на кои дискутираат за владеење на правото, заштита на човековите права и борбата … против корупцијата.

Скандалот што фрли дамка врз ПССЕ, понекогаш е наречен “Кавијатгејт” од страна на некои медиуми, се појави на дневен ред на собранието во јануари 2013 година: имено членови или поранешни членови на Собранието се верува дека биле “купени” од страна на азербејџанските власти во замена за нивниот глас против извештајот (иако необврзувачки) во којсе осуди ситуацијата на политички затвореници во Азербејџан.

Извештајот, во кој имаше остри критики на сметка на Баку, во голема мера отфрлен е од страна на ПССЕ.

Некои пратеници добиле во замена за нивниот глас повеќе подароци, чија природа останува нејасна, но според извор близок до пан-европска институција имало и кавијар од Каспиското Море, килими, или вечери во луксузни хотели во Баку.

Во јануари, повеќе од 60 членови на ПССЕ побараа писмено независна истрага во врска со ова прашање. НВО Транспаренси интернасионал исто така, јавно побара од Советот на Европа “силен одговор” на “сериозните обвинувања за корупција“.

Случајот со еден парламентарец ја разгорува контроверзноста: Демохристијанот од Италија Лука Волонте на (кој повеќе не е во ПССЕ) е осомничен за прифаќање на речиси 2,4 милиони евра од Баку.

Тој треба да се појави пред суд во Италија сообвинение за перење на пари, бидејќи не го објаснил потеклото на парите. Обвинението за корупција, сепак, не е прифатено од страна на судовите, според италијанскиот печат.

Мисијата на истрагата на СЕ може да работи и на улогата на актуелниот претседател на ПССЕ, Шпанецот Педро Аграмунт, кој исто така може да бидат принудени да поднесе оставка оваа недела, по средбата со Башар ал Асад во Дамаск.

Според германската НВО ЕСИ, која објави неколку извештаи за скандалот, Аграмунт постојано го бранел Баку, кога зеде учество во мисии за набљудување на избори во Азербејџан како парламентарец на Советот на Европа. Сепак, од избувнувањето на “Кавијаргејт” тој не нареди ниту една внатрешна истрага, што е критикувано од многу политичари.

“Шокиран сум од начинот на кој беше постапувано овој случај “, изјави на јавното сослушување со претставниците на невладините организации, претходничката на Аграмунт, Ана Брасер.

Би можело да ве интересира

Совет на Европа: Приемот на Косово не е на дневен ред на седницата на Комитетот на министри за надворешни работи

Косово може да стане членка на Советот на Европа

Дик Марти почина на 79-годишна возраст

Советот на Европа го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна

Николоски: Македонците во Бугарија се лишени од правото на самоопределување, јазик, образование и здружување

Александар Николоски избран за известител за Босна и Херцеговина од Советот на Европа

Катерина Ѓуровски