Јапонски медиуми: Пјонгјанг формирал околу 250 заеднички фирми со Кина и со Русија

Од:

И покрај забраните што им се наметнати во согласност со санкциите на Советот за безбедност на ОН, Северна Кореја продолжува да работи со други земји, создавајќи околу 250 заеднички фирми со Кина и со Русија. Тоа беше објавено денеска од јапонскиот весник Санкеи, повикувајќи се на привремениот извештај на комитет што следи почитување санкции против Пјонгјанг.

Во документот се вели дека најголем дел од тој бизнис е со Кина. Постојат најмалку 215 заеднички вложувања со различни области на активност, вклучително и со учество на индивидуални претприемачи.

Според јапонскиот весник, има и околу 30 руско-севернокорејски компании и неколку други компании основани заедно со Сингапур и Австралија.

Од севернокорејска страна, во таквите компании главно се вклучени компании и луѓе на кои Советот за безбедност на ОН веќе им воведе санкции.

Целосната листа на заеднички вложувања ќе биде официјално презентирана што е можно поскоро во извештајот на светската организација, пишува Санкеи.

Би можело да ве интересира

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион