Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

Од:

Откако украинските сили ја нападнаа руската област Курск, повеќе од 112.000 луѓе се евакуирани од регионот, но околу 40.000 жители на Курск одбија евакуација, изјави денеска Татјана Москалкова, комесар за човекови права на Руската Федерација.

Во интервју за веб-страницата Аргументи и факти, Москалкова рече дека, според податоците на руското Министерство за вонредни ситуации, од областа Курск биле евакуирани вкупно 112.337 лица, од кои 12.328 биле жители на градот Курск, вклучително и 3.685 деца, пренесува РИА Новости.

Досега на територијата на 65 руски региони се отворени 960 центри за привремено сместување на граѓаните кои беа евакуирани поради украинското гранатирање.

Би можело да ве интересира

Украинската армија собори 50 беспилотни летала

Петмина повредени во гранатирањето на Харков

Руските трупи го гаѓаа Харков со балистичка ракета

Орбан: Трамп може да ја запре војната во Украина

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите