Јапонките ја изгубија титулата најдолговечни жени

Од:

Јапонките по 26 години „владеење“ во 2011 година ја изгубија титулата најдолговечни жени на светот, објави денеска јапонската Влада.

Тоа се припишува на минатогодишниот земјотрес и цунамито, во кои загинаа или исчезнаа речиси 20.000 луѓе, како и зголемување на зачестеноста на самоубиства.

Очекуваниот животен век на Јапонките на тој начин е намален за 0,4 години – на 85,9 години. Жените на Хонгконг ја презедоа титулата најдолговечни – нивниот просечен очекуван животен век во 2011 година достигнал 86,7 години.

Очекуваниот животен век на мажите во Јапонија минатата година опаднал за 0,1 година и бил 79,44 години. Со тоа Јапонците достигнаа на седмо место по долговечност, кое го делат со Италијанците. На прво место се швајцарските мажи, чиј очекуван животен век во 2011 достигнал 80,2 години.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија