Јапонија за американските трупи на нејзина територија годишно троши 1,9 милијарди долари

Од:

Шефот на јапонската дипломатија Тошимицу Мотеги денеска изјави дека Јапонија ќе потроши 1,9 милијарди долари за престојот и сместувањето на 55.000 американските војници во фискалната година, што почнува во април.

Тој наведе дека е постигнат билатерален договор за поделба на трошоците за американските бази што се наоѓаат на територијата на Јапонија.

– Сакаме да ја сочуваме блиската соработка со САД, со цел да го зајакнеме нашиот сојуз за да може да одговори на предизвиците, посочи Мотеги.

Поделбата на трошоците се ревидира на секои пет години, а актуелниот договор е во сила до 31 март 2022 година.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп инсистираше земјата домаќини да плаќа повеќе за распоредувањето на американските војници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски