Јапонија во состојба на подготвеност заради севернокорејската ракета

Од:

Јапонија од денеска е во состојба на максимална подготвеност поради можното лансирање на севернокорејската ракета и покрај можноста за одлагање на лансирањето оспорувано во најголем дел од меѓународната заедницата.

– Ги презедовме сите можни мерки на внимателност и набљудување, изјави премиерот Јошишико Нода.

Јапонските сили поставиле ракети земја-воздух Патриот ПАК 3 во Токио и на островот Окинава и во состојба на максимална подготвеност се три воени бродови опремени со ракети за пресретнување.

Пјонгјанг  најави веројатно одложување на лансирањето на ракетата планирано за периодот меѓу 10 и 22 декември поради технички проблеми.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија