Јапонија: Силен земјотрес ја погоди префектурата Фукушима

Од:

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јапонската префектура Фукушима, но официјално предупредување за цунами не е издадено, соопшти денеска Јапонската метеоролошка служба.

Земјотресот е регистриран во 6.17 часот во голем број градови во префектурата Фукушима, вклучително и Футаба и Окума, потврди метеоролошката служба, пренесува Кјодо. Се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во близина на Фукушима на длабочина од околу 50 километри.

По земјотресот во нуклеарните централи Фукушима Даичи и Фукушима Даини, не се откриени никакви абнормалности, потврди операторот на овие компании, Токио Електрик Пауер Компани Холдингс Инк.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак