Јапонија одбива вина: Неосновани се тврдењата на Кина за инциденти за време на воени маневри

Од:

Јапонија денес ги оцени како „неосновани“ обвинувањата од Кина дека јапонските сили ги попречувале кинеските борбени авиони за време на воените маневри во Пацификот.

Портпаролот на јапонската влада, Минору Кихара, изјави на прес-конференција дека авионите на јапонското воено воздухопловство држеле „безбедна дистанца“ додека се наоѓале во близина на најјужната јапонска префектура Окинава, пренесува агенцијата Кјодо.

Тој нагласи дека комуникацијата и одржувањето канали за дијалог меѓу одбранбените власти на двете земји се од суштинско значење, и покрај тоа што Пекинг презеде мерки на одмазда поради минатомесечната изјава на Токио дека Јапонија би могла да се вклучи во случај на кинески напад врз Тајван.

Би можело да ве интересира

Си Џинпинг „грми“: Апсолутно нема да толерираме независност на кинескиот регион Тајван

Ирански државјанин крвнички е убиен во Јапонија

САД и Израел се виновни за блокадата на Ормутскиот тесенц, обвини Кина

Овца со четири рога во зоолошка градина во Кина

А1он

Јапонската премиерка стана вирален хит поради фотографија за време на вечерата во Белата куќа

Предраг Петровиќ

Кина ги предупредува САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“