Јапонија: Нема промена во нивото на радијација по земјотресот во Фукушима

Од:

Земјотресот со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди североисточниот дел на Јапонија не предизвика промена на нивото на радијација во близина на нуклеарната централа, соопшти компанијата „Токио електрик пауер“.

Земјотресот не предизвика ниту вонредна состојба во нуклеарните постројки, соопштија локалните служби за вонредни состојби.

„Токио електрик пауер“ соопшти дека земјотресот не предизвикал штета на деактивираната нуклеарна централа Фукушима 1, а нема извештаи за промена на нивото на радијација во близина на централата, пренесе ТАСС.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак