Јапонија најави испорака на увезениот природен гас во Европа

Од:

Јапонија денеска објави дека ќе испорача дел од увезениот течен природен гас (ЛНГ) во Европа, во време кога постои ризик да дојде до прекин на снабдувањето со руски гас во регионот поради тензиите со Украина.

Неколку танкери кои првично требаше да испорачаат гас во Јапонија веќе отпловија за Европа и се очекува да пристигнат овој месец, изјави јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија Коичи Хагиуда, без да прецизира колкаво количество гас ќе биде испорачан и продаден во Европа.

Во март се очекува да бидат испратени и други танкери.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа