Јапонија и Кина се договорија да го продолжат билатералниот дијалог

Од:

Јапонија и Кина се договорија да го продолжат билатералниот дијалог, изјави јапонскиот заменик-министер за надворешни работи Акитака Сајки, на крајот на дводневната оосета во Пекинг.


– Се спогодивме да го продолжиме дијалогот на различни нивоа, изјави Сајки, по средбата со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.


Сајки не даде коментари за можноста за билатерална средба на највисоко ниво, нагласувајќи оти е потребно да се консултира со премиерот Шинѕо Абе. 


Целта на посетата на Сајки беше да се пронајде начин за намалување на тензиите во билатералните односи. Тоа најпрво се однесува на конфликтот за ненаселените острови Сенкаку (Дијаоу).


Токио повеќе пати досега предлага проблемот да се реши на средба на највисоко ниво, но Пекинг бара отстапки, вклучувајќи признавање на спорот. Јапонија ја отфрли таа идеја, нагласувајќи дека нејзиниот суверенитет над островите не може да се оспорува.

Би можело да ве интересира

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

(ВИДЕО) Американски професори се избодени со нож во Кина

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Кина

ВИДЕО: Кинеска сонда зеде примероци од темната страна на Месечината

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

Кина нема да учествува на мировната конференција за Украина