Јапонија ги одобри вакцините на Модерна и Астра Зенека

Од:

Јапонија денеска ја одобри употребата на вакцините „Модерна“ и „АстраЗенека“, непосредно пред проширувањето на вонредната состојба поради коронавирусот на дополнителни области со околу 40 проценти од населението.

Ова е најновиот обид на властите да го потиснат загрижувачкиот скок на бројот на заразени девет недели пред отворањето на Олимписките игри во Токио.

Министерот за здравство Норихиса Тамура рече дека двете нови вакцини ќе помогнат во забрзувањето на имунизацијата.

Во Јапонија, околу пет милиони луѓе, или само четири проценти од населението, примиле една или две дози од вакцината, а користени се вакцините на „Фајзер/Боинтек“, кои беа одобрени во февруари.

Побрзата вакцинација на населението се смета за клучна во борбата против новиот наплив на инфекција на коронавирус.

Бројот на пациенти со Ковид-19 во сериозна состојба достигна рекордно високо ниво оваа недела.

Иако тоа не подразбира задолжителна блокада, воведувањето вонредна состојба им овозможува на градските администрации да бараат затворање на продавници и јавни институции или скратување на работното време.

Вонредната состојба беше продолжена на почетокот на овој месец од жариштата Осака и Токио во други региони.

Владата денеска се подготвува да ја прошири вонредната состојба во префектурата Окинава, јужниот архипелаг каде се наоѓаат повеќето американски сили стационирани во Јапонија.

Повеќе од 40 проценти од населението во Јапонија ќе биде под одредбите на вонредната состојба од овој викенд.

Сузбивањето на вирусот е важно со цел да се спречи загриженоста на населението за безбедноста на Олимписките игри. Најновите анкети покажуваат дека повеќе од 80 проценти од Јапонците се против одржување на Игрите.

Премиерот Јошихиде Суга вети дека ќе заврши вакцинацијата на околу 36 милиони постари жители до крајот на јули кога треба да се одржат Игрите. Сепак, истражувањето на Владата во 1.741 општина објавено минатата недела покажа дека 15 проценти од нив нема да можат да го исполнат крајниот рок.

Владата во понеделник ќе отвори пунктови за масовна вакцинација во најголемите метрополи Токио и Осака, со цел да се вакцинираат до 15.000 постари лица на ден. Тука ќе се користат вакцините на „Модерна“.

Јапонија обезбеди околу 364 милиони дози вакцини, вклучувајќи 50 милиони вакцини „Модерна“, 120 милиони „АстраЗенека“ и 194 милиони „Фајзер“. За сите три вакцини потребни се две дози за целосна имунизација.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ