„Јаху“ одбива да му даде информации на германската влада за кибер напади

Од:

Германската Федерална агенција за кибер криминал (БСИ) ја обвини компанијата „Јаху“ дека одбила да соработува во врска со истрагата за серијата кибер напади кои компромитирале над една милијарда електронски адреси во периодот меѓу 2013 и 2016 година.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во соопштението на Агенцијата се посочува дека канцеларијата на „Јаху“ за Европа, Блискиот Исток и Африка со седиште во Даблин, одбила да и даде информации за тековната истрага.

Според германската агенција, „Јаху“ истрагата ја насочила кон Комисијата за заштита на лични податоци на Република Ирска, без притоа да даде дозвола германските власти да добијат доверливи информации.

БСИ наведува дека германските власти биле приморани јавно да ја нападнат „Јаху“, со цел компанијата да даде одговори во врска со прекршување на тајноста на личните податоци.

Според БСИ, сите интернет оператори кои се активни во Германија се должни да работат со институциите во случаи кога германските граѓани се погодени од кибер криминал.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад