Јагланд: Постои голем ризик од уште терористички напади во Европа

Од:

Европа треба да покаже решителност во борбата против тероризмот и во справувањето со причините за него, бидејќи во секој момент можат да се случат нови напади, изјави денеска генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.

– Кога почнавме да се смируваме дека бројот на терористички напади се намалува, вчерашните убиства послужија како горчлив потсетник дека заканата од тероризмот во Европа е сериозна, а нападите можат да се случат во секое време. Мораме да покажеме решителност во борбата против тероризмот и неговите причини, констатира првиот човек на Советот на Европа.

Јагланд ги поддржа француските власти во напорите за заштита на граѓаните и туристите, кои пристигнуваат во Стразбур.

– Уверен сум дека нема да им дозволиме на терористите да завладеат со прекрасните улици на Стразбур и неговите плоштади, тие му припаѓаат на народот, додаде тој.

Генералниот секретар на Советот на Европа, исто така, изрази сочувство до роднините и блиските на жртвите на нападот.

Синоќа 29-годишниот жител на Стразбур, Шериф Шекат отвори оган на Божикен базар во центарот на градот. Тој требало да биде уапсен вчера, под сомнеж за вмешаност во обид за убиство и грабеж. Осомничениор бил во затвор во Германија во 2016 и 2017 година, по обвинение за кражба. Напаѓачот, кој се уште е во бегство, е француски државјанин, добро познат на француските власти како радикален исламист.

Според последните податоци, во синоќешниот напад во Стразбур загина три лица, а 13 се повредени.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа