Извршена смртна казна во Тексас

Од:

Во Тексас вчера била извршена смртна казна врз маж кој со нож ги усмртил поранешната девојка, нејзиниот тригодишен син и нејзината мајка, соопштија затворските власти во Хантсвил.

Егзекуцијата е извршена врз 38-годишниот Хосе Виљегас со инјекција.

Ова е 17-та смртна казна која е извршена во САД оваа година, а седма во Тексас.

Виљегас, според тврдењата на локалните медиуми, за време на извршувањето на злосторството бил под дејство на кокаин.

Откако во САД во 1976 година повторно почнале да се изрекуваат смртни казни, во Тексас се извршени врз повеќе од 515 лица, што е една третина од вкупниот број.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас