Извештај: Следењето десничарски радикали во Германија е се потешко

Од:

Германската агенција за државна безбедност е соочена со се поголеми тешкотии при надгледување екстремисти во државата. Тоа се нагласува во извештај објавен од весникот Велт ам зонтаг.

Припадниците на екстремната десница во Германија се послабо организирани и тоа го отежнува нивното следење, во додава во извештајот на Федералната служба за заштита на Уставот.

Во исто време поголемите екстремистички групи веќе немаат големо влијание и како главни играчи се споменуваат „мали групи и индивидуи без особено сложена органзиација“.

Радикализацијата сега се врши пред се онлајн во социјални мрежи и чет-групи, и тој фактор го прави следењето „многу потешко од порано“. Според документот цитиран од весникот, различни екстремно-десничарски движења кои немаат контакти со останатите, имаат потенцијал за извршување терористички акции.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот