Извештај: Сексуални напади, вознемирување и расизам се присутни во компанијата Рио Тинто

Од:

Британско-австралиската компанија Рио Тинто објави дека 21 жена изјавила дека биле силувани или сексуално нападнати во нејзините рудници во последните пет години, а дека системското вознемирување и високите нивоа на расизам се присутни во работењето на компанијата низ светот.

Рударската компанија со седиште во Лондон минатата година нарачала извештај на поранешната австралиска комесарка за родова дискриминација Елизабет Бродерик, со цел да ја истражи културата на работната средина во компанијата, пишува денеска британскиот весник „Фајненшал Тајмс“.

Петгодишен извештај, заснован на истражување на околу 10.000 вработени во Рио Тинто, покажа дека речиси 30 отсто од жените и седум отсто од мажите изјавиле дека доживеале сексуално вознемирување на работа. Силување или сексуален напад или обид за силување биле пријавени од 21 жена. Речиси половина од вработените во Рио Тинто изјавиле дека биле изложени на вознемирување. Расизмот е, исто така, доминантен во компанијата, а изложеност на дискриминација на работното место пријавиле речиси 40 отсто од мажите и 32 отсто од жени.

Извештајот, исто така, покажува дека вработените жени пријавиле вербална злоупотреба, дека обвинувањата за агресивно сексуално однесување биле игнорирани, дека биле дадени отворено расистички коментари и дека постоела „култура на молчење“ во однос на обвинувањата и „крајно машка“ култура во компанијата.

Извршниот директор на Рио Тинто, Јакоб Стаушолм, истакна дека „чувствува срам и големо жалење поради обемот на вознемирување, сексуално злоставување и расизам“ во компанијата. Стаушолм за „Фајненшл Тајмс“ во Мелбурн изјави дека е изненаден од наводите во извештајот, особено од високата стапка на случаи на вознемирување. Тој изјави дека вознемирувањето, сексуалното злоставување и расизмот се присутни низ глобалните операции на Рио Тинто, од Јужна Африка до Монголија, и дека тие не треба да се гледаат како изолирани инциденти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца