Извештај: Речиси половина од серверите на кои се споделува детска порнографија се во Холандија

Од:

Речиси половина од сите фотографии и филмови со детска порнографија се наоѓаат на сервери во Холандија, соопшти денеска британската организација Интернет воч фаундејшн, која се занимава со откривање и борба против злоуптреба на деца.

Во годишниот извештај на таа организација се посочува дека 48.900 интернет адреси на кои се наоѓаат фотографии и филмови со сексуална злоупотреба на деца се поврзани со сервери во Холандија, што претставува дури 46,5 отсто од вкупно 105.000 адреси откриени во 2018 година. Зад Холандија се САД (12,2 отсто), Русија (11,3 отсто), Словачка (10,5 отсто) и Франција (6,3 отсто).

Во повеќе од три четвртини од случаите на онлајн порнографија, жртви на сексуална злоупотреба се девојчиња. Најлош облик на злоупотреба е сексуално насилство на возрасно лице над дете на старост до две години.

Во својот извештај Интернет воч фаундејшн не го објаснува тоа што речиси половина од серверите за детска порнографија се во Холандија.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија

Мајка пријавила дека скопјанец ја гушнал и бакнал нејзината малолетна ќерка

Споделувал детска порнографија во групи на социјални мрежи, приведен 28-годшник од Велешта

Пријава за двајца татковци од Прилеп и Тетово кои ги силувале своите малолетни ќерки

Предраг Петровиќ

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

Хрватски пејач осуден за детска порнографија