Извештај по барање на Кантербериската надбискупија: Се повеќе гладни Британци

Од:

Глад погодува се повеќе Британци се вели во најнов извештај направен по барање на Кантербериската надбискупија која за таа состојба ги критикува системот за социјална заштита и малите плати.

Во Британија има луѓе кои немаат доволно пари да си купат храна, се вели во извештајот. Се додава дека има премногу гладни иако стапката на невработеност е на најниско ниво од само шест отсто.

Едно од најголемите здруженија за помош во храна Трасет траст наведува дека бројот на луѓе кои бараат помош во храна од 128.697 пред две години се зголемил на 913,138 луѓе.

Доцнењето на исплатата на социјалната помош престтавува главна причина за порастот на бројот на луѓе кои бараат финансиска помош за храна, пишува во извештајот со забелешка дека ниските плати и постојаното поскапување на цената на храната го предизвикале тоа.

– Владата мора итно да го реформира системот за социјална заштите за да исплати социјална помош навреме, се препорачува во документот. Во него се изразува и загриженост поради порастот на цените на струјата, храната и недвижностите.

Кентерберискиот надбискуп Џастин Велби ја спореди британското семејство која не прима очекувана финансиска помош за храна со семејство во бегалски камп во Конго.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он