„Извештај Немцов“: Во Украина загинале 220 руски војници војници

Од:

Во Извештај на убиениот руски опозициски политичар Борис Немцов за војната во Украина, се тврди дека Русија во источноукраинските воени судири загубила 220 свои војнци.

Немцов, кој на почетокот на руската посткомунистичка транзиција беше заменик-премиер и автор на моделот за приватизација во земјата, беше убиен во центарот на Москва во февруари оваа година.

Неговите приврзаници веруваат дека тој е убиен затоа што „поседувал чувствителни материјали“ за учеството на Русија во украинската војна и за цената што ја плаќа земјата.

Во извештај, објавен денеска на интерент страницата „Отворена Русија“, на 64 страници се тврди дека 150 руски војнци се убиени само во борбите кај малиот град Иловајск во Донецката област во август минатата година. Други 70 загинале во борбите кај Дебалцево во февруари годинава, по потпишувањето на мировната спогодба од Минск.

Помошникот на Немцов, Иља Јашин изјави во Москва дека овој извештај за „руското учество“ во војната во Украина го изработиле „вистински патриоти“ за кој вели дека се противат на „изолационистичката политика“ на претседателот Владимир Путин.

Во „Извештајот Немцов“ се вели и дека Русија троши многу милијади долари за анексијата на Крим, како и милијарди рубљи за помошта што им ја дава на шест илјади „доброволци“ во Источна Украина, на локалните паравоени сили во реонот под контрола на проруските сепаратисити, како и за сервисирање и одржување на воената техника.

Во овој извештај се вели дека за сите загинати се исплатени по 40 илјади долари отштета, како услов роднините да не зборуваат како загинале нивните блиски.

Западот и Киев ја обвинуваат Русија дека директно е вмешана во војната во истолна Украина, како и дека таму има руски војници, што Москва категорично го отфрла. Русија признава само дека таму има извесен број „доброволци“.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва