Изрелците во Бејрут го убија Фуад Шукр, попознат како Хаџ Мосин

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека главниот град на Либан, Бејрут, бил погоден денеска во целен напад, а целта бил висок командант на Хезболах.

Според израелските медиуми, станува збор за Фуад Шукр, попознат како Хаџ Мосин.

Пред неколку години, Шукр беше идентификуван од израелската војска како шеф на проектот за прецизни ракети на Хезболах.

Тој исто така е означен како терорист од САД, поради неговата улога во бомбардирањето на касарната на американските маринци во Бејрут во 1983 година, кога беа убиени 241 американски војник.

ИДФ тврди дека овој офицер е одговорен за нападот на фудбалското игралиште во Мајдал Шамс, на окупираната Голанска Висорамнина.

Само неколку минути откако ИДФ ја презеде одговорноста за нападот, израелскиот министер за одбрана Јоав Галан се огласи, велејќи дека Хезболах ја преминал „црвената линија“.

Бомбата ја погоди Дахија, како што се нарекуваат густо населените населби во Бејрут, каде Хезболах има силни упоришта.

Со денови траеше дипломатска активност на Американците, кои се обидоа да го задржат Тел Авив и се обидоа да го одвратат Израел да го нападне Бејрут и важната инфраструктура низ земјата.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Хезболах: Израел мора целосно да се повлече од Либан до 18 февруари