Израелските сили убија најмалку 55 луѓе во Газа, меѓу кои бремена жена и 12 деца

Од:

Најмалку 55 лица, меѓу кои една бремена жена и 12 деца, загинаа во израелските напади врз Појасот Газа во текот на ноќта, соопштија денеска локалните здравствени власти.

Официјални лица во Кан Јунис соопштија дека телата на 14 жртви биле пренесени во болницата Насер, од кои девет од исто семејство, а меѓу загинатите има пет деца и четири жени.

Телата на уште 19 лица, вклучително и пет деца на возраст од една до седум години и една бремена жена, се пренесени во Европската болница во близина на Кан Јунис, соопштија болничките власти.

Во градот Газа, телата на 21 жртва се префрлени во болницата Ахли, меѓу кои и седум деца, пренесе АП.

Во средата, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека Израел воспоставува нов безбедносен коридор низ Појасот Газа за да изврши притисок врз Хамас, сугерирајќи дека ќе го отсече јужниот град Рафах, за кој Израел нареди да се евакуира, од остатокот од палестинската територија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп тврди дека не знаел за нападот на гасното поле во Иран, Израел го демантира

Израел: Убивме ирански министер

Ердоган: Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

(ВИДЕО) Застрашувачки снимки од Либан: Зграда целосно се урна по израелски напад во центарот на Бејрут

Трамп: Израел никогаш не би употребил нуклеарно оружје против Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Израелски војници силувале Палестинец: постои снимка, но нема да бидат судени