Израелските одбранбени сили тврдат дека е уништен командниот центар на Хамас што се користеше за напади врз Израел

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека командниот центар на палестинската милитантна група Хамас, кој беше цел на воздушен напад во палестински бегалски камп во близина на крајбрежниот град Сидон во Либан, бил користен за напади врз Израел, а либанските медиуми објавија дека најмалку едно лице е убиено во нападот.

„Командниот центар што беше погоден го користеа терористичките оперативци на Хамас во последните месеци за подготовка за терористички активности против трупите на ИДФ на либанска територија, а вклучуваше и обука насочена кон унапредување на разни планови за терористички напади против трупите на ИДФ и Државата Израел“, се вели во соопштението, според „Тајмс оф Израел“.

Во соопштението се наведува дека командниот центар се наоѓал во центарот на село и се тврди дека Хамас ги користи жителите како човечки штитови.

Би можело да ве интересира

Израел: Убивме повеќе од 40 борци на Хезболах за 24 часа

Либан: Бројот на жртви во израелските напади се зголемува

САД и Израел се виновни за блокадата на Ормутскиот тесенц, обвини Кина

ВИДЕО: Голем ракетен напад на Иран врз Израел

Кац: Ќе го окупираме јужен Либан и ќе ги срушиме сите куќи во селата

Горан Наумовски

Израел: „Моделот на Газа“ за Либан