Израелскиот претседател ќе го посети папата во Ватикан

Од:

Претседателот на Израел, Шимон Перес, идната недела ќе се сретне со новиот поглавар на Римокатоличката цркава, папа Франсис соопшти кабинетот на Перес.

Во соопштението се прецизира дека папата го покани Перес, добитникот на Нобеловата награда за мир да се состанат.

Перес ќе биде еден од првите светски лидери кој ќе го посети новиот папа, наведе „Асошиејтед прес“.

Тој исто така ќе има средба и со италијанските официјални лица.

Израелскиот претседател планира да разговара со папата за можна обнова на мировните преговори со Палестинците, врските помеѓу Израел и Ватикан и подобрување на односите помеѓу христијаните и евреите, стои во соопштението.

Дипломатските односи помеѓу Ватикан и Израел датираат од 1993 година. Монасите на папата, ќе го одликуваат Перес со медал за мирот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Израел ја блокира целата хуманитарна помош за Газа

Израел се согласи со американскиот план за прекин на огнот во Газа за време на Рамазан

Хамас: Подготвени сме да преговараме со Израел за следната фаза од прекинот на огнот во Газа

Горан Наумовски

Ноќна размена: Хамас ги предаде телата на заложниците во замена за палестински затвореници

Горан Наумовски

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот