Израелскиот напад донесе нови жртви во Либан, меѓу ранетите има и мировници на ОН

Од:

Либанската државна новинска агенција денеска објави дека израелско беспилотно летало удрило во возило на воен контролен пункт во пристанишниот град Сидон во јужен Либан, при што загинале три лица, а неколку се ранети, меѓу кои и припадници на мировните сили на ОН во Либан (УНИФИЛ).

Припадниците на мировните сили се полесно ранети и дека им била укажана помош на местото на нападот на северниот влез на Сидон, третиот по големина град во Либан.

Информации за идентитетот на загинатите не беа веднаш достапни.

Претходно денеска, беспилотно летало удри во автомобил на главниот автопат надвор од Бејрут, при што загина една жена, јавија локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците