Израелскиот министер за одбрана се заканува: „Граѓаните на Техеран ќе ја платат цената, и тоа наскоро“

Од:

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес повторно му се закани на Иран, велејќи дека „народот на Техеран ќе ја плати цената“ за нападите на Иран врз израелските цивили.

„Арогантниот диктатор во Техеран стана кукавички убиец кој го таргетира израелското цивилно население за да ги спречи IDF (Израелските одбранбени сили) да продолжат со нападите што ги осакатуваат воените капацитети на Иран. Народот на Техеран ќе ја плати цената, и тоа наскоро“, напиша Кац во објава на платформата X.

Изјавата доаѓа еден ден откако истиот министер вчера се закани: „Ако врховниот лидер на Иран, Хамнеи, продолжи да испукува ракети врз израелски цивили, Техеран ќе гори“, објави „Тајмс оф Израел“.

Пораките на Кац доаѓаат во време кога размената на напади меѓу Иран и Израел продолжува, при што бројот на жртви расте од двете страни. Израелските власти велат дека Иран намерно гаѓа цивилни цели, додека Иран вели дека се одмаздува за „израелската агресија и злосторства“.

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во Варшава: Полскиот претседател итно се враќа од странство

Германскиот министер одби заедничка фотографија со Лавров, Москва реагира: „Се исплаши“

Криста Пајк (50), која преживеа неуспешно погубување со смртоносна инјекција, првпат проговори: „Сè уште чувствувам болка“

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци