Израелски висок функционер се брани дека заговарал „концентрациски логор“ за Палестинци

Од:

Пратеник на израелскиот конзервативен Ликуд, Моше Фејглин се бранеше во емисија на Си-Ен-Ен од обвинувања дека заговарал сместување на жителите на Газа во „концетрациони логори“ во одговор на ракетирањето од Хамас врз Израел.

Фејглин се смета за т.н. ултра јастреб на израелската политичка сцена и заменик е на претседателот на Кнесетот. Беше повикан во емисија на Волф Блицер по контроверзниот предлог во кој заговара собирање на Палестинците на „отворен простор крај границата со Синај“ за да може Израел да избегне цивилни жртви и удари на лансирни рампи.

На прашање на Блицер дали апелирал до премиерот Нетанјаху да формира концентрациони логори за Палестинци, Фејглин одговори дека заговарал план со кој би била формирани „подрачја за засолнување“ за цивили во Газа за да се обезбеди т.н. „хумана“ опција што ќе му овозможи на Израел поефикасно да се насочи на лансирните рампи на Хамас.

– Би сакал на Арапите во Појасот Газа да им дадам три избори: Оние кои ќе се борат против нас би требало да бидат убиени, оние кои лансираат ракети од градинки би требало да бидат убиени, оние кои сакаат да го напуштат Појасот Газа треба да добијат поддршка од нас и меѓународната заедница да најдат подобро место, изјави Фејглин.

Кога Блицер го запраша дали поддржува жители на Газа да се сместат во „шатори логори“ пред да им се помогне да заминат на друга локација, тој одговори: – Дефинитивно.

– Ова е војна меѓу злото и доброто, меѓу светлината и темнината, нагласи Фејглин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел

Ал Џезира: Израел продолжува со нападите врз Газа, загинаа најмалку осум Палестинци

Израелската војска погодила „600 терористички цели“ во Појасот Газа