Израелски суд му забрани на министерот Гвир да користи крокодили за чување осомничени за тероризам

Од:

Окружниот суд во Ерусалим денес му забрани на израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, да користи крокодили за обезбедување на затвори во кои се сместени осомничени или осудени терористи, објави „Џерусалем пост“.

Судот издаде привремена забрана откако тужбата на групата за права на животните „Let Animals Live“ го оспори планот.

Бен-Гвир ја критикуваше одлуката на судот, велејќи дека правосудниот систем „застанал на страната на терористите“.

– Уште еднаш, во време на војна, правосудниот систем застанува на страната на терористите и спречува важни мерки за зајакнување на одвраќањето на Израел. Знаеме дека терористите се плашат од доаѓањето на крокодилите, но денес судот им дојде на помош, рече Бен-Гвир.

Министерката за животна средина, Едит Силман, минатиот месец, го прекласифицираше нилскиот крокодил како „одгледано диво животно од фарма“, што би ѝ овозможило на израелската затворска служба да ги распореди крокодилите околу затворот, и покрај противењето на правните советници на нејзиното министерство и Управата за природа и паркови.

Според извештаите во медиумите, програмата првично била планирана да се тестира во затворот Кечиот, откако властите побарале да добијат крокодили од комплексот Хамат Гадер.

Би можело да ве интересира

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он