Израелски претставник го демантира Би-Би-Си дека со Хамас е постигнато постојано примирје

Од:

Официјален израелски претставник денеска изјави дека не е информиран дека е постигнато постојано примирје меѓу Израел и Хамас со посредништво на Египет, како што претходно соопшти Би-Би-Си, пренесуваат ДПА и ИТАР-ТАСС.

– Не ми е познато дека има постигнат некаков договор, бидејќи разговорите продолжуваат, рече израелскиот извор, кој побара анонимност откако Би-Би-Си информира дека од петок во шест часот по локално време ќе стапи во сила постојано примирје меѓу Израел и Хамас.

Портпаролот на исламистичкото движење Хамас во Појасот Газа, Фавзи Бархум, исто така, изјави дека палестинското движење нема информации за каков било договор.

Според израелските медиуми, за Каиро заминале делегации на Израел и Хамас на преговори со египетски посредници за завршување на десетдневниот конфликт во Појасот Газа. Според некои извори, израелската делегација веќе се вратила во Тел Авив.

Нема никаква официјална информација за текот или резултатот од овие преговори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Првите израелски заложници ќе бидат ослободени во недела, објави Нетанјаху

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски