Израелски министер ги повика француските Евреи да се преселат во Израел

Од:

Израелскиот министер за имиграција Јоав Галант ги повика француските Евреи „да се вратат дома во Израел“, по антисемитскиот вандализам на гробишта во источна Франција.

– Осквернавувањето на еврејските гробишта во Франција ги враќа сликите од мрачниот период во историјата на еврејскиот народ, изјави Галант.

Тој додаде дека минатата недела ја посетил еврејската заедница во Париз, која, според него, е изложена на антисемитски напади и е во процес на асимилација.

– Остро го осудувам антисемитизмот во Франција и ги повикувам Евреите, дојдете си дома, имигрирајте во Израел, нагласи Галант.

На околу 80 еврески гробови на гробишта во Алзас, во близина на границата меѓу Германија и Франција, викендов беа нацртани кукасти крстови.

Во Париз и другите француски градови вчера се одржаа собири за осуда на антисемитзмот во Франција.

Политичарите од десницата и левицата апелираа на масовно учество на собирите, откако истакнат француски писател беше мета на антисемитска тирада на еден демонстрант на протестите во Париз во саботата.

Според податоците на израелското Министерството за имиграција, минатата година од Франција во Израел се преселиле 2.679 Евреи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел