Израелски авиони нападнаа цели во Сирија

Од:

Израелски воени авиони синоќа нападнаа цели на сирискиот режим и на силите на либански Хезболах во близина на либанската граница, објави денеска сириската опозиција.

Израелската воена авијација нападна воен објект во близина на градот Рас ал-Еина во подрачјето ал Катифаџ, но се уште не е познато колкава штета е предизвикана.

Ако се точни тврдењата на сириската опозиција тоа е првпат израелски авиони да нападнат цели во Сирија, откако Русија во септември презеде воздушна кампања.

Израелските авиони пристигнале од либанскиот воздушен простор. Дел од либанските медиуми јавија дека синоќа биле забележани израелски авиони над Либан. Сирискиот режим и Хезболах се уште не ги коментирале наводите на сириската опозиција.

Израел од почетокот на граѓанската војна во соседна Сирија, со која се уште официјално е во војна, е на дистанца, но одговараше на прелевањето на судирите преку границата на Голанската Висорамнина. Неколку пати нападна конвои со оружје од Сирија, наводно наменето за Хезболах, против кое израелската војска во летото 2006 година војуваше повеќе од еден месец.

Би можело да ве интересира

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа