Израелската полиција уапси висок палестински претставник

Од:

Израелска полиција уапси висок палестински функционер по неодамнешните судири во Ерусалим.

Палестинскиот гувернер на Ерусалим Аднан Гејтх беше меѓу 22-та Палестинци, уапсени за една ноќ при акции во источен Ерусалим, соопштија палестински медиуми.

Полицијата зборува за две апсења, вклучувајќи ги и „високиот функционер од Палестинската управа”, под сомневање за измама и фалсификат.

Портпаролот на израелската полиција Мики Розенфелд изјави дека биле уапсени и во врска со „последните инциденти” во Харам ал-Шариф, или Светилиште, кое ја вклучува џамијата Ал-Акса и Куполата на карпата.

Осомничените се испрашани, изјави Розенфелд, без да дадат дополнителни детали.

Со апсењата се ризикува дополнително да се зголемат тензиите околу објектот, кој е свет и за муслиманите и за Евреите, кои го нарекуваат Рид на храмовите.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави