Израелската гранична полиција нападна муслимански верници на влезот во Ридот на храмот

Од:

Додека илјадници муслимани влегуваат во комплексот на џамијата Ал Акса во Стариот град во Ерусалим за да се молат на првата ноќ од светиот месец Рамазан, видео кое кружи на социјалните мрежи покажува како членови на израелската гранична полиција ги напаѓаат верниците со палки на влезот во свето место на Харам ал-Шариф, познато кај Евреите како Ридот на храмот.

По тој повод, израелската полиција објави дека работи на „овозможување слобода на богослужба на Ридот на храмот, притоа обезбедувајќи безбедност, во согласност со упатствата на политичкото раководство“, пренесува Тајмс оф Израел.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху минатата недела вети дека бројот на верници на кои им е дозволено да се молат на Ридот на храмот во првата недела од Рамазан ќе биде ист како и претходните години и дека нема да бидат воведени ограничувања за израелските Арапи, поништувајќи ја претходната одлука на ултра -националистичкиот министер за национална безбедност Итамар, Бен Гвира под чија надлежност е израелската полиција.

Поголемиот дел од арапското население во Ерусалим, сепак, нема израелско државјанство и затоа може да биде предмет на построги ограничувања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“