Израелската армија уби Американка – Бајден вели: Израел мора да спречи такви инциденти

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го предупреди Израел дека мора да стори повеќе за да се осигура дека нема да се повтори инцидент како неодамнешното убиство на американска државјанка, која протестираше против изградбата на нови израелски населби на окупираниот Западен Брег, нарекувајќи ја нејзината смрт „неприфатлива“.

Во изјавата, Бајден пишува дека, иако Израел ја презеде одговорноста за нејзиното убиство, американската влада сè уште очекува отворен пристап во истрагата за околностите на нејзината смрт.

„Мора да има целосна одговорност. И Израел мора да стори повеќе за да се осигура дека такви инциденти никогаш повеќе нема да се повторат“.

Ајсенур Езги Ејги, 26-годишен турско-американски државјанин, беше убиена минатиот петок за време на протестот во Беита, село во близина на Наблус, каде што Палестинците се под постојан напад од екстремно десничарски еврејски доселеници. Израел тврди дека нејзиното убиство било случајно.

Бајден го осуди насилството на „екстремистичките израелски доселеници“ на окупираниот Западен Брег. Тој го направи тоа еден ден откако американските власти побараа промена на однесувањето на израелската армија на Западниот Брег.

„Ќе продолжам да ги поддржувам политиките кои ги сметаат сите екстремисти – израелски и палестинци – одговорни за поттикнување насилство и создавање пречки за мирот“, рече Бајден.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски