Израелската армија почна да се повлекува од Појасот Газа

Од:

Во текот на ноќта и утрово, израелската војска (ИДФ) започна со повлекување на своите трупи од Појасот Газа до договорените линии за распоредување, како дел од договорот со Хамас.

Некои сили целосно се повлекоа од Газа, додека други ќе останат на позициите долж линиите за распоредување, објави „Тајмс оф Израел“.

Повлекувањето се одвива под заштита на артилериско гранатирање и воздушни напади во некои области, објави израелскиот портал.

Се очекува израелската војска да го заврши повлекувањето до вечерва, во рок од 24 часа откако израелската влада официјално ќе го ратификува договорот со Хамас.

Кога повлекувањето ќе биде завршено, ИДФ ќе ја задржи контролата врз нешто повеќе од половина од територијата на Појасот Газа, или 53 проценти – од кои поголемиот дел е надвор од урбаните средини.

Ова вклучува тампон зона долж целата граница со Газа, вклучувајќи го Коридорот Филаделфија – граничната област помеѓу Египет и Газа – заедно со Бејт Ханун и Бејт Лахија на крајниот север од Појасот, гребен на источната периферија на градот Газа и големи делови од Рафа и Кан Јунис во јужна Газа, според „Тајмс оф Израел“.

Би можело да ве интересира

Лапид: Најголемата дипломатска катастрофа во нашата историја

Нетанјаху: Прекинот на огнот не го вклучува Либан

САД и Иран се согласија за двонеделен прекин на огнот, се слави победа во Техеран

Бомбардерите Б-52 полетаа кон Иран

Иран до Трамп: Не ти се плашиме, иранската цивилизација ги преживеала заблудите на непријателите илјадници години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ултиматумот на Трамп предизвика хаос: Иранците формираат „човечки штитови“ на мостовите