Израелската армија на готовност: Разунавачките служби предупредуват на можен напад од либански „Хезболах“

Од:

Шефот на израелската разузнавачка служба „Мосад“, Дејвид Барни, наводно ги предупредил владините претставници за можен напад на либанскиот екстремистички „Хезболах“ врз инсталации на наоѓалиштето на гас во Средоземното Море за кое спорат двете држави.

Предупредувањето на Барни беше објавено на телевизијата „Канал 12“, додека други израелски официјални лица навестуваат дека се уште постои надеж да се постигне договор меѓу Израел и Либан по спорот околу разграничувањето, што ќе им овозможи на двете земји да експлоатираат природен гас.

На одржаниот состанокот на Кабинетот задолжен за безбедноста на Израел, премиерот Јаир Лапид, министерот за одбрана Бани Ганц и претходниот премиер Нафтали Бенет биле овластени да одговорат на можна ескалација на тензиите или насилство на северот на земјата, бидејќи израелската страна соопшти нема да ги прифати предложените либански измени на договорот изготвен со посредство на САД.

Ганц синоќа изјави дека и наредил на израелската армија да биде во готовност на северот од земјата, по разговорите што ги имал со началникот на Генералштабот Авив Кохави и други безбедносни претставници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави