Израелската армија ги повика жителите на неколку населби во градот Газа да се евакуираат

Од:

Израелската армија денес ги повика жителите на неколку населби во градот Газа да се евакуираат, пред нападот врз палестинската територија каде што Израел 20 месеци е во војна со исламистичкото движење Хамас.

– Израелските сили ќе „нападнат секоја област што се користи за лансирање ракети. За ваша безбедност, веднаш евакуирајте се на запад“, напиша портпаролот на армијата Авичаи Адра на социјалната мрежа X.

По двомесечен прекин на огнот, Израел ја продолжи својата офанзива во Појасот Газа кон средината на март, предизвикана од нападот на Хамас врз израелска територија на 7 октомври 2023 година, со цел да го принуди исламистичкото движење да ги ослободи заложниците што сè уште се држат на територијата.

Преговорите за прекин на конфликтот, со посредство на Египет, Катар и САД, досега не успеаја.

Делегација на Хамас беше во Доха во среда и четврток, каде што разговараше за прекин на огнот во Газа со египетски и катарски посредници, без „никаков опиплив напредок“, изјавија денес за АФП два извори блиски до палестинското движење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка која ги побива тврдењата на Трамп: Дали сепак САД се одговорни за смртта на учениците во Иран?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи

Кина ги предупредува САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“

Израел: Ги погодивме авионите Ф-14 што Иран ги купи од Америка

Наини: Спремни сме за најмалку шестмесечна војна против САД и Израел

Нападнат е хотел во Бејрут, има загинати и ранети