Израелска армија: Ќе го прогонуваме наследникот на Хамнеи

Од:

Израелската армија го предупреди Иран дека ќе продолжи да го прогонува секој што ќе се обиде да го наследи убиениот врховен лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи.

Во објава на платформата X, на сметката на Израелските одбранбени сили, се вели: „Иранското собрание на експерти, кое не се состанало со децении, наскоро ќе се собере во градот Ком. Сакаме да ви кажеме дека раката на Државата Израел ќе продолжи да го прогонува секој наследник и секое лице што ќе се обиде да назначи наследник.“

„Ги предупредуваме сите оние кои имаат намера да учествуваат на состанокот за избор на наследник дека нема да се двоумиме да ве таргетираме. Ова е предупредување“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем ракетен напад на Иран врз Израел

Иран: Трамп лаже, не бараме прекин на огнот

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ

Иран: Ормутскиот теснец отворен за бродови од повеќето земји

Кац: Ќе го окупираме јужен Либан и ќе ги срушиме сите куќи во селата

Горан Наумовски

Израел: „Моделот на Газа“ за Либан