Израелците го послушаа Трамп: Армијата доби наредба за Газа, нападите се запрени

Од:

Израелскиот јавен радиодифузер Кан и Армиското радио објавија дека израелските политички лидери ѝ наредија на армијата (ИДФ) да ги запре сите активности во врска со градот Газа, како и поширокиот појас.

Оваа информација доаѓа откако Трамп во видео порака испрати порака до Израел барајќи да се запре бомбардирањето на Газа а по согласувањето на Хамас со предлогот на американскиот претседател за прекин на војната во Газа.

Израелското воено радио објави дека наредбата бара операциите да се намалат на минимум, при што трупите на терен исклучиво ќе ги извршуваат таканаречените „одбранбени маневри“, а е издадена по разговорите што се одржаа во текот на ноќта меѓу израелските и американските претставници.

Јавниот радиодифузер Кан, во меѓувреме, вели дека преговорите за планот на Трамп се очекува наскоро да се одржат.

Патем, Трамп во својата порака рече дека деталите за планот сè уште не се разработени и дека сите моментално работат на него.

„Врз основа на изјавата издадена од Хамас, верувам дека тие се подготвени за траен мир. Израел мора веднаш да го запре бомбардирањето на Газа за да можеме безбедно и брзо да ги извлечеме заложниците! Премногу е опасно да се направи тоа во моментов. Веќе сме во разговори за деталите што треба да се разработат. Ова не е само за Газа, туку за долгоочекуваниот мир на Блискиот Исток“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина

Ванс: Трамп претпочита дипломатско решение со Иран

Иран го предупреди Трамп да не донесува одлуки врз основа на лажни информации

ВИДЕО: Нејасни пораки, конфузно објаснување за Иран – што кажа Трамп во најдолгото годишно обраќање на нацијата

ВИДЕО: Исчезнаа документите од ФБИ за жена која тврди дека Епстин и Трамп ја злоуптребувале, објави СНН

Катерина Ѓуровски

Трамп е нервозен: Само јас одлучувам за напад врз Иран