Израел: Во Појасот Газа нема глад, ова е лажна кампања промовирана од Хамас

Од:

Израел ќе продолжи да доставува помош по воздушен пат до Појасот Газа, соопшти израелската војска.

Помошта ќе вклучува седум палети брашно, шеќер и конзервирана храна обезбедени од меѓународни организации, објави Ројтерс.

Најавата за испорака на помош дојде неколку дена откако повеќе од 100 агенции за помош предупредија дека во Појасот Газа се шири масовно гладување.

Израел, исто така, ги обвини Обединетите нации дека не реагирале навремено, велејќи дека 700 камиони со помош се паркирани во Газа.

„Израелските одбранбени сили (ИДФ) нагласуваат дека во Појасот Газа нема глад, ова е лажна кампања промовирана од Хамас“, соопшти израелската војска во саботата.

„Одговорноста за дистрибуција на храна до населението во Газа е на ОН и меѓународните хуманитарни организации. Затоа, се очекува ОН и меѓународните организации да ја подобрат ефикасноста на дистрибуцијата на помошта и да обезбедат помошта да не стигне до Хамас.“

Повеќе од 125 лица починале од неухранетост, вклучувајќи 85 деца, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Би можело да ве интересира

Израел ја крена во воздух тунелската мрежа на Хезболах, регистриран e и земјотрес

Горан Наумовски

„Политико“: Вашингтон молчи додека Британија и сојузниците воведуваат санкции за израелските доселеници

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Четири лица загинаа, а 20 се ранети во израелски напади врз јужен Либан

Ескалација на Блискиот Исток: Израел со нови воздушни напади врз јужен Либан

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа