Израел во 1967 година планирал нуклеарен напад

Од:

Израел поседувал таен план за извршување напад со атомска бомба во случај да доживее пораз во текот на Шестдневната војна во 1967 година, соопшти денеска вашингтонскиот Меѓународен центар „Вудроу Вилсон“.

Според Центарот, планот наречен „Операција Шимшон“, предвидувал Израел да фрли атомска бомба на Синајскиот Полуостров, доколу доживее пораз во војната против арапските соседи – Египет, Сирија, Јордан, Ирак и Либан.

– Операцијата никогаш не е изведена, но таа фрла ново светло на атмосферата на страв што владеела во тоа време, се наведува во извештајот.

Според Центарот, доколку Израел тогаш употребел атомска бомба ќе беше загрозена израелската повеќедецениска политика на нуклеарна неутралност.

Израел засега не ги коментираше ваквите наводи на Центарот „Вудроу Вилсон“.

Шестдневната војна траеше од 5 до 10 јуни 1967 година и во неа Израел ги освои египетските територии на Западниот Брег и Синајскиот Полуостров, Западниот Брег заедно со Источен Ерузалим, кој до тогаш беше под контрола на Јордан, како и сириската Голанска Висорамнина.

Во војната која заврши со победа на Израел, на израелска страна загинаа 776 војници и 20 цивили, додека загубите на Египет изнесуваа меѓу 10 и 15 илјади загинати или исчезнати војници, на Јордан 6.000 убиени или исчезнати војници, на Сирија 2.600 загинати и на Ирак 10 загинати војници.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски