Израел собори неидентификувано беспилотно летало

Од:

Израелските военовоздухопловни сили соборија мало беспилотно летало, откако навлезе во воздушниот простор на еврејската држава од Средоземно Море.

– Беспилотното летало (УАВ) е идентификувано како го нарушува израелскиот воздушен простор, а беше пресретнато од ИАФ (израелски воздухопловни сили) – изјави воената портпаролка, потполковник Авитал Леибовиц. Таа наведе дека потоа војниците го пребарале подрачјето каде што леталото беше соборено, во северниот дел на пустината Негев, во јужниот дел од земјата, за да го лоцираат и да го идентификуваат.

Израелското воено радио јави дека во леталото немало експлозив. Леибовиц подоцна изјави дека леталото било забележано над Медитеранот во секторот во близина на Појасот Газа, пред да навлезе во израелскиот воздушен простор. Леталото било соборено над шумата Јатир во северниот дел на Негев, ненаселен регион.

Таа операцијата ја оцени како успешна. Во јули 2006 година израелската војска собори беспилотно летало на либанското проиранско движење Хезболах. Во април 2005 година беспилотно летало на движењето успеа да го прелета северниот дел на Израел.

Би можело да ве интересира

Палестинските власти тврдат: Повеќе од 12.000 жени се убиени во Газа за 519 дена, тие треба да бидат заштитени

Трамп му се закани на Хамас

Нетанјаху: Израел не го прекрши договорот за прекин на огнот со Хамас

А1он

Терористички напад во Израел: Еден напаѓач пукал, друг бодел со нож

Горан Наумовски

Израел ја блокира целата хуманитарна помош за Газа

Израел се согласи со американскиот план за прекин на огнот во Газа за време на Рамазан