Израел прекинува три часа со воената офанзива врз Појасот Газа

Од:

Израел објави дека ќе прекине со воената офанзива врз Појасот Газа за време на денешната тричасовна посета на египетскиот премиер Хишам Кандил во палестинската енклава.

Израелската авијација рано изутринава изврши нови напади врз Појасот Газа, а повеќето од нив биле насочени кон градот Газа, соопшти Министерството за внатрешни работи на Хамас.

– Во текот на ноќта беа извршени 130 напади. Разурната е административната зграда на Министерството за внатрешни работи, која служи за издавање пасоши, во квартот Тел ал Хава, потврди портпаролот на министерството Ислам Шахван.

Авионите биле пресретнати од палестински ракети, истрелани од предградијата на Газа во правец на јужен Израел.

Според очевидци, неколку кампови за обука, користени од палестински вооружени групи, биле уништени во последните израелски напади.

Портпаролот на спасувачките служби на Хамас, Адхам Абу Селмија истакна дека во нападите се убиени 19 Палестинци, меѓу кои и неколку деца, а 235 се повредени.

Воен портпарол потврди дека израелските воздухопловни сили извршиле 466 напади од почетокот на операцијата „Столб на одбраната“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан