Израел повика на евакуација на Палестинците од Газа

Од:

Израелската армија доцна синоќа телефонски предупреди над 100.000 жители на двe населби во градот Газа да се евакуираат од своите домови.

Ваквите предупредувања станаа вообичаена пракса на израелската армија пред зголемување на воздушните напади.

Израелската армија од синоќа ги обнови нападите врз Појасот Газа по шестчасовна пауза, кој беше прогласена откако Израел еднострано го прифати египетскиот предлог за примирје.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно предупреди дека војската ќе ја прошири и интензивира операцијата во Газа откако Хамас го одби египетскиот предлог за примирје.

Израел во меѓу време продолжи со бомбардирање на Појасот Газа, а од Појасот Газа беа истрелани десетина нови ракети врз израелска теритирија, при што загина еден Израелец.

Тој е убиен во ракетен напад во близина на граничниот премин Ерец меѓу Израел и Појасот Газа, соопшти армијата.

Одговорност за напад презеде военото крило на Хамас, Бригадите Изедин ал Касим.

Жртвата, 38-годишен цивил, доставувал храна на војниците во областа, соопшти портпаролот на израелската служба за итни случаи.

Најмалку тројца Палестинци, пак, се убиени синоќа во Појасот Газа во израелски воздушен напад.

Според медицински лица, двајца мажи се убиени во воздушен напад врз возило во Рафа, додека уште еден маж е убиен во напад во Џор ал Дек.

Со тоа бројот на жртви во осумдневните борби достигна 197 лица.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци