Израел почна со тестирање врз доброволци на своја вакцина против коронавирус

Од:

Израел почна со тестирање на вакцина против коронавирусот врз волонтери, и доколку се покаже дека е ефикасна, следното лето ќе им биде достапна на граѓаните, изјави денеска Шмуел Шапира, генерален директор на Израелскиот институт за биолошко истражување.

Во тестирањето ќе учествуваат 80 доброволци на почетокот, а до декември тој број треба да изнесува 960.

Ако оваа фаза на тестирање се покаже делотворна, во третата фаза, во април или мај, треба да учествуваат околу 30.000 волонтери.

– Ние сме во завршна фаза, рече Шапира.

Институтот работи под покровителство на Министерството за одбрана и започна со тестирање на вакцината врз животни во март, за пред само една недела да објави дека добил дозвола од регулаторното тело да премине во следната фаза на тестирање.

Рестриктивните мерки во Израел, земја со девет милиони жители, полека се олеснуваат бидејќи се намалува бројот на луѓе на инфицирани од коронавирус.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел