Израел: По изборите нема разлика меѓу Либан и Хезболах

Од:

Победата на Хезболах на парламентарните избори во Либан покаува дека таа држава не може да се разликува од шиитската група Хезболах, која ја поддржува Иран, изјави денеска израелскиот министер за образование Нафтали Бенет.

Според него, Израел не треба да прави разлика меѓу нив во секој иден судир.

– Хезболах=Либан, напиша Бенет на Твитер.

Шиитското движење Хезболах и неговите сојузници се на пат да освојат повеќе од половина пратенички мандати на вчерашните парламентарни избори во Либан, кои се одржаа по речиси една деценија.

Ако исходот според прелиминарните резултати се потврди, тоа ќе го зајакне политичкото влијание на Хезболах, чии вооружено крило се бори во конфликтот во соседна Сирија на страната на претседателот Башар ал Асад.

Официјалните резултати се очекуваат денеска.

САД го сметаат Хезболах за терористичка организација, а Израел, кој водеше голем број војни со групата, ја смета за непријател.

Според прелиминарните резултати, Хезболах и неговите сојузници ќе освојат вкупно 67 места во 128-члениот еднодомен Парламент на Либан.

Либанскиот премиер Саад Харири, кој е поддржан од Западот, изгледа дека ќе биде сунитски лидер со најсилна парламентарна поддршка, иако ќе ги загуби неколку мандати. Тоа ќе го направи да биде фаворит за премиер.

Во Либан, премиерот мора да биде сунит, согласно уставниот систем за распределба на високи позиции.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел