Израел отвори јавно наддавање за експлатација на нафта и гас во Средоземно Море

Од:

Израел утре ќе го отвори јавното наддавање за доделување на дозволите за експлоатација на нафта и гас во израелските води од Средоземно Море.

Според соопштението на  израелското Министерство за енергетика, за експлоатација ќе бидат понудени 24 подводни блокови во рамки на првата рунда од јавното наддавање, од кои секој блок зазема површина до 400 километри квадратни, пренесуваат француските медиуми.

Израелската Влада има големи надежи во новите блокови по откривањето на подводните гасни полиња „Тамар“ и „Левијатан“, кои, според очекувањата на израелските власти, на земјата треба да и овозможат да стане извозник на гас.

Проценките се дека гасното поле „Тамар“, откриено во 2009 година, поседува резерви од 238 милијарди кубни метри гас, додека наоѓалиштето „Левијатан“, откриено во 2010 година, поседува резерви од 535 милијарди кубни метри природен гас.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави